Меган Маркл модно брилираше на последните појавувања како Војвотка од Сасекс во Британија. Кога се појави во црвениот фустан на брендот „Safiyaa“, многу од модните медиуми пронајдоа сличност со изгледот на други познати личности.

Така, креацијата што ја носеше Маркл беше споредена со долгиот, исто така црвен, фустан од Стела Мекартни што кралицата Летиција го носеше пред три години. 

Освен во бојата, многумина најдоа сличност и во линијата на фустанот, со таа разлика што оној на кралицата на Шпанија е асиметричен и до подолг плашт.

Инаку, Меган истиов фустан само во сина нијанса го носеше додека беше бремена, а за време на посетата на Фиџи. 

Освен со Летиција, Меган ја споредија и со креацијата на Ралф Лорен која Лупита Нјонго ја носеше на „Златните глобуси“ во 2014 година.

Чие модно издание најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
3.228 пати