Денешниот стилски двобој го посветуваме на креации од два македонски модни бренда и тоа MCouture или GO by Gjorgieva Olgica. Се работи за комбинација од панталони и кошула, односно топ, комбинација што е апсолутен хит оваа сезона.
MCouture by Mila Kadriu
Оваа комбинација од MCouture е полн погодок за летните вечери. Белите широки панталони, со цветен материјал врз ногавиците од страна и одзади, се одлични за различни пригоди. Во случајов се комбинирани со свилена кошула во златно-жолта нијанса. Свежо, нежно и елегантно.
GO by Gjorgieva Olgica
Доколку сте љубител на монохроматските бои, тогаш оваа креација со потпис на GO by Gjorgieva Olgica може да биде вашата добитна комбинација. Широките црни панталони, со комбинација на материјали на ногавците од страна и одзади се ускладени со топ од мрежеста ткаенина во сребрено-сива нијанса. Спојот на бои и дезени ја прават оваа креација добра за различни пригоди.
Во која креација се замислувате вие?