Во Париз модната недела е пред самиот крај, а изминативе 10-тина дена имавме можност да уживаме во најновото од модните куќи, но и во модните изданија на познатите.

Модните медиуми забележаа две дами во исто парче.

Се работи за моделот Миранда Кер и интернет ѕвездата Ким Кардашијан.

И двете носат црни кожени панталони на врзување „Unravel" што чинат околу 2.600 долари, само малку поинаку искомбинирани.

Кер ги носи со свилена деколтирана маица на препрамки и капут со принт. При тоа, комбинацијата ја дополнува со „чокер“, очила за сонце и црни обувки на висока потпетица.

Кардашијан пак, исто така, се одлучува за сосема црна комбинација, но со крзно. И топ-маичката со голи раменици и предимензионираното крзнено палто од „Живанши“.

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
498 пати