Овие траки беа вистински хит пред некоја година и речиси секогаш кога облакавме кошулка, ја украсувавме со овој детаљ.

Се чини девојките и оваа пролет повторно ја популаризираат оваа сатенска трака, а мора да признаеме дека и ние се израдувавме што овој тренд повторно се враќа.

Ако сакате нешто повеќе, потребен е само еден мал детаљ за да ја разубавите и истакнете секоја комбинација во која вметнавте едноставни и класични парчиња.

Токму оваа трака на едноставните кошулки ќе им даде женствена и софистицирана нота, а супер е и тоа што истите можете многу лесно да ги изработите сами.

Единствено што треба да направите е да пронајдете некој соодветен материјал во боја што ви се допаѓа, да исечете мала лента, да ја поминете со конец по страните и евентуално да ја украсите со некои детали како бисери, кристали, впечатлив брош или што и да сакате.

Девојките сезонава сакаат да носат ленти изработени од сатен или кадифе, но можете да си играте и со други материјали по ваш избор.

Во галеријата можете да погледнете како девојките оваа сезона ги носат кошулките со трака, а вие уште викендов можете да си изработите неколку по ваш вкус.

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
685 пати