Никол Кидман или Џулијан Мур?
•
29 март 2017
Двете познати актерки Никол Кидман и Џулијан Мур, на почетокот на месецот носеа речиси исти фустани и тоа ден за ден.
На 4-ти март годинава, Никол Кидман се појави на манифестацијата „Златна Камера“ во Хамбург, каде освои и награда. За оваа пригода, таа носеше креација на Џамбатиста Вали, во бохо стил со цветен принт и карнери.
Следниот ден, во фустан со ист крој, но различен принт и боја (зелена), се појави Џулијан Мур и тоа на свечена вечера на „Лореал Париз“, одржана за време на Модната недела во Париз.
Чие издание повеќе ви се допаѓа?