Пријанка Чопра и Софи Турнер имаат сосема различен стил, но сепак оваа комбинација од дизајнерката Викторија Бекам на двете им се допадна.

Се работи за широка кошула и панталони со прави ногавици, а уште попривлечни ги прави тоа што се изработени од природен материјал и се со принт со точки, во пастелна златна металик нијанса.

Пријанка одлучи да ги носи панталоните и кошулата лежерно, додека пак Софи, која и прва ја носеше комбинацијата, се одлучи за малку поелегантна варијанта.

И самата Викторија Бекам своевремено ја носеше. 

Инаку, кошулата чини околу 900 евра, а толку отприлика и панталоните. 

На која подобри ѝ стои?

 

Објавено:
26 јули 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.421 пати