Оваа среда имаме вистински летен стилски двобој. Северина и Марта Фернандез се двете дами Хрватки, што се најдоа во оваа рубрика, а причината е избор на ист костим за капење.

 

Summer vibes. #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) onJul 13, 2017 at 2:58am PDT

Северина ви е на сите добро позната, но во случај да се прашувате која е другата, да кажеме дека 20 годишната Марта е модна блогерка по потекло од Далмација, која воедно е и сопруга на фудбалерот Јуниор Фернандез од Чиле, кој пак игра за „Динамо“. 

Ова лето нивниот фаворит кога се костимите за капење во прашање е црното бикини, при што долниот дел е со висок струк и ленти.

 Своите комбинации ги објавија на Инстаграм профилите, па додека Северина горниот дел го замени само со бела кошула, Марта прикажа во целост како ѝ стои овој летен моден додаток.

Според вас, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
19 јули 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
871 пати