Каја Гербер неодамна го прослави 18. роденден. Иако ќерка на супермоделот Синди Крафорд, таа успеа да си пробие свој пат во модната индустрија и да оствари соработка со најголемите дизајнерски и фотографски имиња. 

Роденденската забава помина во ретро фазон, а Каја ги изненади присутните со стајлинг кој беше речиси идентичен на оној кој пред 27 години го носеше нејзината мајка на MTV Music Awards во 1992 година.

Се работи за реплика на креацијата од модната куќа „Версаче“. Синди тогаш се појави во топ со синџири и црни панталони. За да не биде стајлингот сосема идентичен, Каја го комбинира со бодито со синџири во садо-мазо стил со кусо здолниште, а го комплетираше стајлингот со црно-златни гладијаторски сандали со потпетици.

Инаку, со оглед на ретро темата, Синди Крафорд се појави како Шер - во златен комбинезон и перика од сребрени реси.

Во продолжение ви ги покажуваме двата стајлинзи, на која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
846 пати