collage1

Ако сте романтични, а притоа ги сакате принтовите и боите, тогаш сме сигурни дека денешниот наш стилски двобој ќе ви се допадне.

На првата фотографија е креација на Алберта Ферети. Се работи за фустан од црн транспарентен материјал во комбинација со тантела и златни апликации, кои посебно доминираат во делот на здолништето. Должината на фустанот е под колена, а изборот на обувки се високи црни чизми.

DSC561__AG19879

Вториот наш избор е креација на Валентино, исто така од последната колекција, претставена на модната недела во Париз. Се работи за долг фустан, изработен од транспарентен материјал. Она што го прави впечатлив е принтот, распространет низ целиот фустан и детали на ракавите, кои се во карнери.

076-valentino

Кој е вашиот избор?

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Стилски двобој