Денешниот стилски двобој го посветуваме на две познати дами. Ако судиме според овие фотографии, тиркизниот мантил на Барбери Прорсум е навистина посакувано парче.

Амал Клуни

Амал Клуни во почетокот на октомври се појави во овој мантил кој чини 4.200 фунти односно околу 6.500 долари. Лежерно врзан, со сив фустан, црни хулахопки и салонки, Амал успеа да ја сочува елеганцијата по која е препознатлива.

Наоми Кембел

Но, истиот мантил во февруари годинава го носеше и моделот Наоми Кембел. Таа одлучи да го комбинира со црн фустан, црни високи чизми и зимски шешир, сосема прикладно за нејзиниот стил.

На кого подобро му стои?

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.544 пати