Стилски двобој: Армани или Фенди?
•
4 јуни 2015
Очилата за сонце се моден додаток без кој никој од дома ниту ова лето нема да излезе. Токму затоа денешниот двобој го посветуваме на овој аксесоар, од два познати светски бренда.
Армани во пролетната колекција презентираше очила со кружна рамка, на која е застапен животински принт. Рачките се метални и тенки.
Фенди пак, за пролет-лето препорачуваат очила за сонца во „мачкест“ облик. Она што ги прави уште поинтересни е транспарентната рамка, над кафената, што дава малку и футуристичка нота.
За кои би се одлучиле вие?