Прва во оваа креација се појави ѕвездата на Дизни, Бела Торн и тоа на премиерата на „The Hunger Games “ во Лос Анџелес. Актерката изгледот го надополни со златна алка и прстени, а во однос на мејкапот се одлучи за природен изглед, кој дополнително допринесе таа да изгледа гламурозно на црвениот килим.

Неколку месеци подоцна на доделувањето на Британските награди во иста креација од Блумарин се појави Кимберли Волш, која за оваа прилика изгледот го надополни со прстени, обетки, црвен лак за нокти и впечатив црвен кармин.

Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во фустанот од пролетната колекција на Блумарин?

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Стилски двобој