Чантите се едни од омилените модни додатоци на жените. Токму затоа, денешниот стилски двобој го посветуваме на овој аксесоар. Иако во модата не важат строги правила и можете да носите се' што ви се допаѓа, последните неколку сезони, големите чанти се апсолутен хит.
На првата фотографија е чанта од пролетната сезона на Ралф Лорен за 2015 година. Во убава портокалова нијанса, со лакиран сјај, оваа чанта со чисти линии и животински принт ќе внесе свежина во пролетните комбинации. Покрај малите рачки, чантата има и една голема за преку рамо. Едноставен, но ефектен и лесно забележлив моден додаток.
И Валентино во својата пролетна колекција ги вклучува големите чанти. Како и претходната, и оваа е во чисти линии и четириаголна, но во кафена нијанса, а аглите се опшиени со црни кожени паспули. Овој модел е украсен со голем џеб од надворешната страна,но сепак не ја губи едноставноста. Закопчувањето е интересно, со мало ременче, а исто како и кај Ралф Лорен, има и големи и мали рачки.
Која од овие две ја посакувате за вашите пролетни комбинации?