Познатите личности знаат дека на премиерите или на доделување на награди секогаш елеганцијата треба да биде во преден план.Овој пат стилскиот двобој ќе биде помеѓу две актерки кои одлучија да се појават во црна елегантна тоалета на Гучи.
Џесика Бил на премиерата на филмот „Хичкок“ во Беверли Хилс покрај креацијата на Гучи, изгледот го надополни со чевли од Серџио Роси, жолта клач чанта од Фенди и обетки од Џенифер Мајер.
Актерката Порна Јаганатан на доделување на наградите „Stardust“ истата креација ја надополни со златни обетки и клан чанта во златна нијанса. Според вас, на која подобро и стои црниот фустан од моднот бренд Гучи?