Стилски двобој: Џиџи Хадид или Џулијан Мур?

28 декември 2015

Во овој празничен период, за денеска одбравме стилски двобој помеѓу две големи ѕвезди во свечени комбинации.

Се работи за моделот Џиџи Хадид и актерката Џулијан Мур. И двете одбраа долг фустан од Том Форд, со долги ракави и длабоко деколте, само за различни пригоди.

Џиџи Хадид

Крем варијантата Џиџи ја одбра за појавувањето на 22-рата amfAR Cinema Agains AIDS Gala, комплетирајќи ја со минимум модни додатоци - обувки во nude нијанса, природна шминка и рамна коса. 

Џулијан Мур

Џулијан Мур пак ја одбра црвената варијанта на истиот фустан и тоа за појавувањето на BAFTA наградите во февруари годинава. Со комбинација со нејзината боја на коса, оваа креација беше полн погодок.

Чиј изглед ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
28 декември 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
782 пати