Стилски двобој: Џулијан Хав или Оливија Мун?

9 февруари 2016

Еден од најголемите холивудски женски хорори е да се појават две ѕвезди исто облечени и тоа на ист настан. Токму тоа им се случи на Џулијан Хав и Оливија Мун, кои беа дел од DirecTV Super Saturday Night, што се одржа изминатава сабота во Сан Франциско.

Ниту една од двете не можеше да претпостави дека ќе бидат облечени во иста комбинација, па затоа медиумите ги нарекоа - „Случајни модни близначки“.

Но двете дами одлучија од тоа да направат забава, па позираа заедно и се шегуваа на своја сметка.

Иако комбинациите им се исти - бели панталони, бел топ и палто во исто таква боја, парчињата им беа од различни дизајнери.

Џулијан Хав носеше топ од Алекса Мариа, блејзер од колекцијата на Паул Ка и клач чанта од Еди Паркер. 

Оливија Мун го постигна истиот изглед но со панталони од Alice+Olivia.

Џулијан Хов (лево) и Оливија Мун (десно)

Дури и фризурите им се слични. 

Која повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
9 февруари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
507 пати