Стилски двобој: Елизабет Олсен или Марта Хунт?

17 декември 2013

Во конкретниот случај Елизабет Олсен и Марта Хунт за различни настани се одлучија да носат креација од горен и долен дел од Клое во црна нијанса. Креацијата не е струкирана, па поради специфичноста на дизајнот треба да се биде внимателен во комбинирање на целосниот стајлинг.


Елизабет Олсен ја носеше оваа креација на City Harvest Event во Њујорк. Изгледот го надополни со црни салонки и со Клое чанта во златна нијанса. За разлика од неа, Марта Хунт на забавата на Клое во Њујорк се појави во целосен стајлинг на Клое, надополнет со златна алка и мала клач чанта.


Според вас, на која од нив подобро и стои креацијата на Клое?

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Стилски двобој