Стилски двобој: Ема Робертс или Кејт Аптон?
•
14 април 2014
Познатиот модел Кејт Аптон се одлучи за овој модел на фустан од Фенди со кратки ракави и малку волуменозност на делот под струкот за премиерата на филмот„The other woman“ во Германија. Изгледот го надополни со беж салонки, златна алка и прстен.
За разлика од неа, Американската актерка Ема Робертс ја носеше оваа креација на забавата на Vanity Fair, а изгледот го надополни со чевли во црвена нијанса, клач чанта и впечатливи обетки.
Според вас, која од овие две дами подобро го има комбинирано црвениот фустан од Фенди?