Стилски двобој: Ема Робертс или Кејт Аптон?
•
21 јули 2014
Прва во оваа креација се појави Ема Робертс и тоа на забавата на Vanity Fair. Фустанот од свила во црвена боја го комбинираше со прстени Dior Fine, сатенски чевли од Брајан Атвуд и секако впечатлив црвен кармин.
Неодамна Кејт Аптон на премиерата на филмот „The Other Woman“ во Минхен, Германија се појави во истата креација од Фенди, но комбинирана со беж салонки и секако црвен кармин.
Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во свилениот мини фустан од Фенди?