Сандалите се актуелни, па токму денешниот стилски двобој го посветуваме на овие обувки.

Емилио Пучи Емилио Пучи

Првиот избор се сандали со потпис на Емилио Пучи. Комбинацијата на темнокафена боја и метал ги прави овие обувки безвременски. Добивате впечаток дека носите сандали направени од дрво, а всушност се работи за фина кожа. Ременчињата до глужд им даваат гладијаторска нота, а со тоа ги прават уште попривлечни. Идеални за многу комбинации.

Балман Балман

Од Балман пак имаат малку поинаков, но не помалку привлечен предлог. Окер бојата е вистински хит сезонава, па затоа не треба да се двоумите да набавите такви сандали или чевли. И овде ремените одат до глуждот, но се подебели, а во средишниот дел има врвка која се врзува. Потпетицата е висока и транспарентна, што ги прави овие сандали уште понеобични и впчетливи. Ако сакате да се истакнете, тогаш ова е вистинската обувка.

Кој е вашиот избор?

Објавено:
27 мај 2015
Категорија: 
Стилски двобој