Стилски двобој: Емилио Пучи или Гучи?
•
25 јуни 2015
Нашиот денешен предлог за стилскиот двобој се чанти од два познати бренда. Во фокус ги ставаме ресите, па оставаме на вас да одберете која повеќе ви се допаѓа:
Емили Пучи за оваа пролетна сезона како тренд ги постави чантите со долги реси. Оваа, во кафени нијанси е едно од посакуваните парчиња доколку сте љубител на летните фестивали. Но и без тоа, ќе биде одличен ретро, а сепак тренди моден додаток кој можете да го усогласите со повеќе стилови.
Од Гучи пак, ви презентираме чанта од претходната пролет-лето колекција, но не помалку актуелна и оваа сезона. Во поголема форма и долги реси по рабовите, оваа Гучи чанта погодна е и за поелегантни, но и за полежерни комбинации.
Одберете ја онаа што соодветствува на вашиот сензибилитет и стил.