Стилски двобој: Хиларија Томас или Кристи Тајген?

4 март 2014

Двете дами се појавија на црвениот килим на NFL Honors во театарот Mahalia Jackson во Њу Орлеанс носејќи коктел фустан во тиркизна нијанса, со асиметрични детали на предниот дел.

Хиларија Томас која е сопруга на актерот Алек Болдвин, изгледот го надополни со црни чевли на висока потпетица и часовник на раката.

За разлика од неа, моделот Кристи Тајгер изгледот го надополни со сандали во златна нијанса и клач чанта во истата боја.

Според вас, која од двете дами изгледа подобро во тиркизниот коктел фустан?

Објавено:
4 март 2014
Категорија: 
Стилски двобој