БАНЕР ВО СТАТИЈА ПОД НАСЛОВ 300x250

Стилски двобој: Имоџен Путс или Камерон Дијаз?

29 јули 2014

Прва во краткиот фустан со впечатлив V израз се појави актерката Имоџен Пуст на премиерата на филмот „That akward moment“ во Лос Анџелес. Изгледот го комплетираше со чевли од Кристијан Лубутан и минимална шминка.

Неколку месеци подоцна, Камерон Дијаз на премиерата на филмот „The other woman’ во Лос Анџелес се појави во истата креација, но изгледот го надополни со чевли од Маноло Бланик, со ремен со нитни околу глуждовите и обетки од Ана Кури.

Според вас, која од двете актерки подобро го има искомбинирано малиот црн фустан од Стела Мекартни?

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Стилски двобој