Стилски двобој: Кара Делевињ или Џесика Алба?

10 февруари 2014

Кара Делевињ не само што обожава парчиња со принтови, туку знае да избере целосен аутфит со нив, а во конкретниот случај станува збор за блуза и панталони од MiniPink, со цветен принт и точки. Целосната винтиџ комбинација добива спортска конотација со изборот на патиките.

За разлика од неа, холивудската актерка која е позната по уличниот стил ја комбинираше блузата со принтови со кратко здолниште, моторџиски црни чизми, чанта и очила за сонце. Џесика Алба е позната по ненаметливиот кежуал стил и добрата комбинација на тренди парчиња.

Според вас, која од овие две дами подобро знае да ги комбинира парчињата со принтови?

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Стилски двобој