Стилски двобој: Кејт Мидлтон или Дру Баримор?

20 април 2016

Војвотката од Кембриџ успеа уште еднаш да го сврти вниманието кон себе, но овој пат сосема случајно, а во тоа и помогна и актерката Дру Баримур.

Токму тие две се дел од денешниот стилски двобој.

Имено, во ист ден, само на различни места, двете дами носеа креација на дизајнерката Тори Бурч.

Кејт Мидлтон го носеше долгиот фустан со цветни мотиви на вечерата со Кралското семејство на Бутан. Таа го искомбинира со портокалова марама, златни обетки и црни сандали.

Дру Баримур се појави во оваа креација на една хуманитарна гала во Њујорк, сведувајќи ги модните додатоци на минимум. Нејзиниот избор се клач чанта во сива нијанса и беж сандали.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
20 април 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.834 пати