Стилски двобој: Кој фустан од Долче и Габана би сакале да го носите?

4 март 2015

Денешниот стилски двобој целосно го посветуваме на новата колекција на Долче и Габана: Viva La Mamma!

Иако веруваме дека ниту вие не можете да се одлучите за една од фантастичните креации од нивната нова колекција посветена на мајките, ние денеска ви препорачуваме две.

Двата фустани се неверојатно шик, со многу сличен крој и со подеднакво неодоливи детски принтови.

Првиот фустан е со целосно долги ракави и малку пократок од другиот, додека вториот има ракави до под лактите, а должината е до средината на листовите.

Она што е особено шармантно кај двете креации од нивната нова колекција е тоа што и двете се насликани со детски принтови кои им даваат една сосема поинаква димензија.

Ние дефинитивно не можеме да се одлучиме за еден, какво е вашето мислење?

Објавено:
4 март 2015
Категорија: 
Стилски двобој