Стилски двобој: Кој фустан од Питер Пилото би сакале да го носите?

3 ноември 2014

Првата креација од модната куќа е фустан комбинација од црна, сива и посветли и потемни нијанси на сина боја, со должина до колената и мал шлиц. Фустанот на предниот дел има асиметрични парчиња со шљокици, кои дополнително даваат гламурозност во изгледот. Изгледот комплетирајте го со чевли и клач чанта.

Втората креација од Питер Пилото е исто така фустан со должина до колената. На црна основа украсен е со шљокици во жолта, црвена и сина боја, со геометриски форми на предниот дел и ремен за нагласување на струкот. Креацијата е без ракави, со прерамки во форма на V, а изгледот е комплетиран со плик чанта, чевли и масивни алки.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Стилски двобој