Стилски двобој: Која креација од Alice + Olivia би сакале да ја носите?

24 ноември 2014

Бидејќи се наближува период на празници, модните куќи нудат креации кои најчесто се украсени со шљокици, а двата стајлинзи кои ќе ви ги понудиме од Alice + Olivia, не се исклучок од ова правило.

Првата креација е краток фустан во темно сива нијанса, целосно украсен со шљокици и со длабоко деколте. Кројот на фустанот дозволува комфорност во движењата, а за дополнителен ефект, аутфитот е комплетиран со клач чанта и чевли на висока потпетица.

Сепак, доколку предност давате на класичниот изглед, тогаш втората креација е идеална за вас. Здолништето до колена со шљокици во златна нијанса е комплетирано со црна маица, црно сако и клач чанта и секако за крај чевли на висока потпетица.

Која од двете креации на Alice + Olivia би сакале да ја носите?

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Стилски двобој