За денеска ви подготвивме вистински летен стилски двобој. Изминативе неколку дена светските модни медиуми споредуваа на кого подобро му стои златниот костим за капење – дали на Кортни Кардашијан или Сијара?

Се работи за моделот од брендот „Ла Перла“, кој чини 1.694 долари.

Споредбата е уште поинтересна бидејќи и двете се мајки, а овој „монокини“ костим за капење им стои одлично.

Од брендот велат дека тоа што двете ѕвезди се одлучиле за овој модел, помогнало уште повеќе во продажбата на истиот, па веќе е целосно распродаден.

Кортни Кардашијан

Сијара

Според вас, на кого подобро му стои?

Објавено:
13 јули 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.187 пати