Стилски двобој: Кристен Стјуарт или Кендал Џенер?

4 ноември 2013

Кристен Стјуарт по прекинувањето на врската со Роберт Патисон реши малку да обрне внимание на сопствениот изглед. Иако е позната по практикување на рок стилот, сепак изминатава година на разни гала настани и премиери можевме да ја забележиме во дизајнерски парчиња. Овој пат била забележана во креација на Луј Витон од пролетната колекција за 2013 година, а изгледот го имаше надополнето со црни чевли и насмевка на лицето.

Од друга страна, Кендал Џенер полека но сигурно ја гради кариерата на светски модел.  Таа се одлучи за монокроматската креација на Витон за сликањето за магазинот Космополитен. Изгледот го надополни со бели чевли со отворен прст, алки и црвен кармин.

Според вас, на која подобро и стои монохроматското модно парче од пролетната колекција на Луј Витон?

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Стилски двобој