Амал Клуни и Мишел Обама се жените чиј стил веќе извесно време постојано се набљудува и анализира. Овие две дами се во денешниот стилски двобој, бидејќи носат слична креација со потпис на модната куќа „Александар Меквин“.

Мишел Обама

Првата дама на Америка, Мишел овој фустан го носеше на свечена вечера во Белата куќа.

Амал Клуни пак го носеше на свечената вечера на денот на нејзината свадба, малку изменет. Додека кај Мишел, фустанот е сосема долг и без ракави, кај Амал е пократок во предниот дел и со мали ракави.

Амал Клуни

Чие издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
6 април 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.527 пати