Стилски двобој: Ненад Секирарски или Стефанија Насеска?

19 мај 2015

collage3

Денешниот стилски двобој го посветуваме на комбинацијата панталони со кус топ. Со оглед на тоа дека веќе неколку сезони овие парчиња се вистински хит, несоменено е дека и оваа ќе бидете тренди доколку се облечете вака.

За таа цел, ние денеска ви предлагаме два типа на комбинации.

На првата фотографија е креацијата на нашиот етаблиран дизајнер Ненад Секирарски. Панталони од лелеав материјал во колбат сина боја е парчето во кое сите ќе ве забележат. Златниот металик топ, со волуменозни 3/4 ракави на комбинацијата и' дава и свечен, но и шик изглед, па можете да ја искористите за летните вечерни забави, но практичноста и можноста за менување модни додатоци и чевли ви дава простор да ја носите во повеќе пригоди.

Sekirarski

На втората фотографија е креација на младата и талентирана дизајнерка Стефанија Насеска.

Белата боја е незаменлива кога е летниот период во прашање, па тоа е една од причините што оваа комбинација ни е примамлива. Панталоните се во елегантен и класичен крој, а топот е сосема кус и со патент во предниот дел. Токму затоа, на овој изглед му дава и урбана нота. Стефанија овој стајлинг го замислила и со бело палто со патент во средишниот дел, па по потреба можете да го направите кусо или долго. Идеално за повеќе комбинации и пригоди.

collage3

Која ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Стилски двобој