Во денешниот стилски двобој ги ставивме пејачката Тејлор Свифт и моделот Андреа Пејиќ, кој покрај со изгледот, вниманието на јавноста го привлече и со тоа што јавно проговори за промената на полот.
Токму Пејиќ преку социјалните мрежи откри дека тој/таа и Свифт имале ист моден избор.
Се работи за фустан на модниот дизајнер Александре Вотје од 2013 година.
Тејлор се одлучи да го носи на Vanity Fair забавата по доделувањето на Оскарите, додека Андреа во креацијата се појави на гала вечерта на фондацијата на Елтон Џон, која им помага на заболените од СИДА.
Тејлор Свифт
Иако на прва сите би рекле дека се работи за истиот фустан, само поинаку стилизиран, добрите познавачи на модата тврдат дека фустаните сепак не се идентични.
Андреа Пејиќ
Имено, Свифт носи фустан од колекцијата на дизајнерот за Висока мода, за посебни клиенти, додека моделот носи реплика на креацијата за комерцијални цели.
Како и да е, разликата е речиси незабележлива.
На кого подобро му стои оваа провикативна креација?