collage1

Со оглед дека обувките на со ременчиња се вратија на голема врата, ние денеска за стилскиот двобој решивме да ви предложиме две такви.

Stela Mekartni

Овие сандали во форма на апостолки се со потпис на Стела мекартни. Со малку задебелен ѓон, и врвки кои се врзуваат се' до глужд, се идеални за здолништа или панталони до глужд.

Valentino

Валентино пак, има исто така сандали со ременчиња, но поинаков тип. На тенок ѓон, се поставени ременчиња со различна широчина, а едното се врти околу глужд. Она што ги прави интересни се украсиите на средина и од страните.  Идеални се за долгите летни фустани или здолништа.

Без разлика за каков и тип на отворени обувки да се одлучите, многу е важно ноктите и петите да ви се уредни.

Каков тип на рамни сандали преферирате вие?

Објавено:
10 јуни 2015
Категорија: 
Стилски двобој