Светските медиуми се преплавени со вести поврзани со новиот албум на Бијонсе и аферата на Џеј Зи, за која таа и пее во една од своите нови композиции. 

Жолтиот печат почна да шпекулира која е таа жена што Бијонсе ја нарекува „Becky with the good hair“, а Рита Ора е сè почесто споменувано име. 

Бијонсе

Уште понтересно во целата приказна што неодамна и двете одбраа ист фустан. Се работи за креација на модната куќа „Гучи“, која Бијонсе ја носи во спотот за песната „Formation“, додека Рита Ора се појави во истата свилена блуза и здолниште за време на прошетка во Западен Холивуд.

Рита Ора

Бијонсе е закопчана, додека Рита Ора посмело ја носи „Гучи“ кошулата. 

Во продолжение погледнете го и спотот на Бијонсе, па проценете на која подобро ѝ стои?

 

 

Објавено:
4 мај 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.156 пати