На свадбата на фусбалерот Серхио Рамос, која се одржа неодамна, присуствуваа и Дејвид и Викторија Бекам.

Модните магазини не штедеа пофални зборови за стајлингот на дизајнерката. Таа носеше фустан - нејзин дизајн - со долги ракави, дискретен принт со миди должина. Стајлингот го заокружи со розови чевли на висока потпетица, кратка марама со истиот принт врзана околу вратот и очила за сонце.

Но, таа не е и првата што го носи. Пред неа, во март по повод службата за „Commonwealth Day“, тогаш сè уште бремената Меган Маркл ја носеше истата креација, но различно искомбинирана. Нејзиниот избор беа чевли со висока потпетица во зелена нијанса, клач чанта во истата нијанса, како и бела мала шапка и долго палто.

На која подобро ѝ стои?

 

 

фото извор: fashionista.com; vogue.com; pinterest.com; instagram.com; 

Објавено:
19 јуни 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.004 пати