Размислувате да го освежите вашиот дом со ново и необично растение кое ќе го привлече вниманието на секој гостин? Huernia somalica hybrid е вистинскиот избор за вас.
Овој впечатлив сукулент ќе блесне како ѕвезда во вашата соба и ќе го разубави секој простор со своите различни видови и живописни бои.
View this post on Instagram
Huernia somalica hybrid е еден од бројните видови на фамилијата на сукуленти на хуернија кои влечат потекло од јужноафричките земји, а она што е најпрепознатливо за овој вид е неговата ѕвездена форма, како и силните контрастни бои и бодликава текстура.
View this post on Instagram
Листовите на овој суклуент се сочни, но и покрај тоа, ова растение бара повеќе грижа, редовно наводнување, особено во текот на летото и не поднесува директна изложеност на силна сончева светлина.
Покрај тоа, Huernia somalica hybrid не се справува добро ниту со преголем студ, но затоа пак, за неговиот „тежок карактер" компензира со тоа што не бара пресадување.
View this post on Instagram
Месестите ѕвездички на овој сукулент најчесто ќе ги најдете во бела боја со благи беж тонови, па оваа вистинска ѕвезда во светот на сукулентите несомнено ќе го разубави вашиот дом или пак ќе биде совршениот подарок за некој близок.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram