Позитива на денот: Цело маало ѝ пее „Среќен роденден“ на 98 годишна бабичка

13 април 2020

Крис Кар е името на момчето кое успеа да го организира цело маало во одреден дел од денот да излезат пред своите куќи и да ѝ го честитаат 98 роденден на својата сосетка Барбара.

Според информациите што тој ги сподели на Фејсбук, Барбара живее сама, а во саботата го прославила својот 98 роденден. Но, и покрај возраста, таа е витална и активна. Волонтира во стационар за мачки, а исто така им чита и на слепи лица.

Овој гест од соседите максимално ја изненади, а видеото е доказ дека убавата мисла, топлина и љубов се најголемиот подарок што на човек некогаш му е потребен. Мал гест, кој многу значи.

Погледнете:

 

Објавено:
13 април 2020
Категорија: 
Видео галерија
Прочитано:
745 пати