3 брзи рецепти идеални за новогодишната ноќ

30 декември 2020

Повеќето од вас се на работа и претпоставуваме дека немате многу време за да можете да ѝ се посветите на новогодишната трпеза.

Ние најдовме три супер брзи, а вкусни рецепти, кои притоа и изгледаат фино и ќе ве „спасат“ :) Ги најдовме кај @cookingwih_andrea.

Мезе со тортиља

Потребни состојки: 200г пилешки стек, 100г изрендан кашкавал, 3 лажици кечап, 8 тортиљи
+ павлака

Подготовка: Испечете го пилешкиот стек и со две вилушки иситнете го. Промешајте го со кечапот и кашкавалот. Исечете ја тортиљата на 4 квадрати, претходно отстранувајќи ги заоблените краеви. На секое парче тортиља ставете една лажичка од смесата, свиткајте ја и боцнете ја со чепкалка. Пржете во врел зејтин, 2-3 минути.
Послужете со павлака по желба.

Крем салата

Потребно:  200г пилешка салама, 1 голема краставица, 200г сирење, 3 лажици мелени ореви и 400г павлака.

Подготовка: Ситно исечкајте ги саламата и краставицата, изрендајте го сирењето. Сите состојки измешајте ги во павлаката. Најубава откако ќе отсои еден час во ладилник, пред да се јаде. Совршено оди со фурнаринки, кифлички, крекери...

Мус од само 3 состојки!

Потребни состојки: 360мл слатка павлака, 8 орео кекси, 80 гр. шеќер во прав

Подготовка: Ореото поделете го во две чинии - во една бисквитот, а во друга кремот. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав додека не добиете цврст шлаг. Додајте го кремот од ореото и убаво промешајте го. Бисквитите од ореото искршете ги и додајте ги во мусот. Се промешајте, со лесни движења. Оставете во ладилник половина час.

Декорирајте по желба. На фотографијата се направени зделички од чоколадо

 

Бонус рецепт: Зелени пуслици

3 белки на собна температура и 180 грама шеќер во прав, рецепт за наједноставниот а елегантен рецепт - пуслици. Со малку зелена боја за колачи и светки, ѕвездички, направете совршени мини елкички за новогодишната трпеза

Објавено:
30 декември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.932 пати