Без миксер: Сочен колач од јаболка

13 ноември 2019

Есента е идеално време за вкусни колачи со јаболка, а ние денеска ви презентираме токму еден таков. Брз е, а уште подобро, не треба да вклучувате миксер.

Прочитајте:

Состојки:

За тесто: 200 грама брашно; 180 грама шеќер; 200 грама гриз; 1 прашок за пециво;

За кремот: 1 килограм изрендани јаболка; 2 ќесички ванилин шеќер; 1 лажичка цимет;

За прелив: 100 милилитри масло за готвење; 250 милилитри млеко; 1 јајце;

За декорација: 3 ќесички шлаг; млеко; малку цимет;

Подготовка:

-Во сад ставете ги прашокот за пециво и брашното. Потоа, додајте шеќер и гриз, па сè заедно прoмешајте со дрвена лажица или маталка.

-Во друг сад помешајте ги изренданите јаболка со ванилин шеќер и цимет.

-За преливот со маталка помешајте ги маслото, млекото и јајцето.

-Земете калап за печење со димензија 21х36см, премачкајте го со масло и малку брашно.

-Во калапот 1/3 од сувите состојки распоредете ја рамномерно.

-Потоа додадете 1/3 од ренданите јаболка.

-Повторете го тоа со втората третина од сувата смеса и јаболката, а потоа и со последната третина од двете смеси. Последниот слој нека биде со јаболка.

-Откако ќе завршите со тоа, врз смесата истурете го подготвениот прелив.

-Колачот ставете го да се пече во рерна загреана на180 степени околу еден час.

-Кога ќе се излади, колачот декорирајте го со шлагот, направен по упатството на ќесичката, а на крајот додадете малку цимет доколку сакате.

 

Ќе добиете сочен колач идеалне кога немате идеја што, а очекувате гости. Постојано ќе му се навраќате.

Пријатно јадење :)

 Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Објавено:
13 ноември 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.836 пати