Ако во лето сте од оние кои сакаат лесни, брзи, но нутритивно богати оброци, тогаш имаме одличен предлог за вас.
Раскошната салата со пилешко на скара и многу свеж зеленук е наш омилен летен оброк, а земајќи ги предвид сите возможно комбинации, тој може да биде доволно богат за да помине „под радарот" како целосен ручек.
Фото: Pexels
Покрај тоа што можете да го зачините пилешкото како што сакате, а потоа убаво да го испечете на скара, одлично е што со оваа салата нема правила за состојките што можете да ги користите. Имате целосна слобода на избор за зеленчук, зачини, па дури и сосови кои можете да ги додадете и да го подготвите ручекот што ѝм е потребен на вашето срце, душа и тело.
Во прилог се пет едноставни рецепти за богата пилешка салата кои можете да ги направите уште денес.