Бомбици со кокос и малина

28 август 2021

Многу вкусен и многу лесен рецепт, дури и за почетници.

Уживајте:

Состојки: 250 грама индиски ореви (или било кои други јаткасти плодови - ореви, бадеми, лешници), 100 грама кокосово брашно, 100мл мед или јаворов сируп, две супени лажици слатка павлака, 200 грама малини (свежи или замрзнати)

За прелив: 150 грама кокосово брашно, 100 грама стопено црно чоколадо

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Пробајте за да видите дали е доволно благо, ако не ви е, додајте уште малку мед. Со прстите обликувајте топчиња, рацете повремено навлажнете ги со вода, за смесата да не ви се лепи. Потоа, бомбиците ставете ги во замрзнувач. После еден час, извадете ги и декорирајте со чоколадо кое претходно е стопено и кокосово брашно. Чувајте ги во ладилник.

 

Објавено:
28 август 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
626 пати