Чоколадни колачи полнети со сладолед

20 јули 2018

Ако сте во потрага по брзо, а вкусно летно освежување, ние го имаме рецептот на денот. Се работи за чоколадно колачи полнети со сладолед, нешто што ќе ве потсети на прекрасните Марс сладоледи.

А во продолжение погледнете како да го направите и што ви е потребно:

Состојки:

-1/2 шолја кафен шеќер

1 пакување сладолед од ванила, омекнат

1/2 шолја маргарин, омекнат

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 лажица млеко

1 шолја брашно

1/4 лажичка сол

1  шолја чоколадни мрвици

1/4 шолја кокосово масло

Подготовка:

1. Во голем сад, помешајте ги шеќерот, омекнатиот путер, а потоа додадете ги екстрактот од ванила и млекото. Мешајте ги додека не се соединат состојките. На крајот, додадете го брашното и солта, и продолжете со мешањето додека не добиете смеса со текстура како тесто.

2. Добиената смеса ставете ја во помал плек, кој претходно ќе го обложите со хартија за печење. Одозгора ставете ги чоколадните трошки и втиснете ги во тестото со помош на хартијата за печење или нешто друго. Важно е да ги има секаде рамномерно во тестото. Одозгора ставете го омекнатиот сладолед и рамномерно распоредете го преку целото тесто. Ставете го во замрзнувач и оставете преку ноќ или додека не сте стегне во целост.

3.Со помош на хартијата кренете ја смесата од плекот, осносно поставете ја на рамна површина, а потоа исечете ја на еднакви коцки.

4.Во помала чинија, стопете ја чоколадата на пареа, заедно со кокосовото масло, додека смесата не стане комплетно течна и хомогена. Секое парче ставете го во смесата, а потоа во плекот. Кога ќе завршите со сите коцки, ставете ги во замрзнувач околу половина час и сервирајте ги.

5. Ако ве зачуди тоа што тестото не се пече и мислите дека е живо, кога ќе се стегне нема ни да почувствувате. Ако пак, не ви се допаѓа, наместо брашно ставете мелени бисквити и ќе добиете слична текстура. Важно е само сè добро да се стегне.

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
374 пати
Извор: 
stvarukusa.rs