Нашите food блогери се секогаш расположени да ни презентираат нешто вкусно, во слатка или солена варијанта.
За денес одбравме еден десерт дело на Elena Jakimovska која на Инстаграм можете да ја најдете како @kitchen_ot_na_elena.
Рецептот за ултра чоколадни протеински коцки изгледа вака:
Состојки за чоколадниот дел:
700 гр темно чоколадо
350 гр какао
100 гр протеин од чоколадо
1л кондензирано млеко
прстофат сол
5 гр стевиа
2 лажички нескафе голд
На оган се топи чоколадото во млекото. Се трга на страна, се додава дел по дел какаото, па преостанатите состојки. Се става во тавче обложено со хартија за печење (за полесно да го отстраните откако ќе се стегне).
Состојки за розoвиот дел:
1 канче кефир со боровница
100 гр мелени замрзнати капини
50 гр чиа семе
40 гр кокос
40 мл ликер од карамела
Се соединуваат сите состојки, па се прелева колачот.
Можете да го изоставите протеинот. Наместо кондензирано млеко може и слатка павлака. Кефирот можете да го замените со овошен јогурт. Ликерот со мед и малку водичка.
Фото: Instagram