Денес е совршен ден за вкусна пита со вишни

13 февруари 2021

Вишните потсетуваат на детството, а овој рецет за пита со вишни е совршен за Денот на вљубените. Совршениот спој на киселкавите вишни и благото тесто ќе ги разбуди сите ваши сетила. Ставете ја кецелата, врзете ја косата и влезете во кујна - срцето се освојува преку стомакот.

Потребни состојки:

500 гр кори за пита
1 л млеко
200 гр шеќер
3 кесички пудинг од ванила
100 мл масло за готвење
200 гр гриз
200 мл јогурт
1 кесичка ванилин шеќер
½ кесилка прашок за печиво
3 јајца
300 гр вишни


Начин на подготовка:

Загрејте 700 мл млеко во кое ќе ставите 7 лажици шеќер. Останатите 300 мл млеко измешајте ги со 3-те кесички пудинг во прав. Штом се загрее млекото, додајте ја смесата со пудингот внатре и убаво мешајте на тивок оган. Готовиот пудинг оставете го да се лади.

Во меѓувреме започнете ја подготовката на преливот за корите. Убаво изматете ги трите јајца и во нив додавајте шеќер постепено. Потоа додадете ги маслото, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Убаво измешајте додека да се соедини смесата. 

Почнете со правење на питата така што ќе редите по следниот редослед: Ставате 3 пати по 4 кори. На секоја кора ставате од преливот, на третата додавате и вишни, а на последната и пудинг, па виткате во ролат. Треба да добиете 3 ролати.

Печете 30 минути на 180 степени. По желба, наросете со шеќер во прав

Објавено:
13 февруари 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
331 пати
Тагови: 
вишни рецепт