Два супер лесни и брзи рецепти за сладолед од Џејми Оливер

27 мај 2020

Сигурни сме дека макар еднаш во животот сте гледале емисија на Џејми Оливер, па оттаму ви е јасно дека е гласен поборник за здрава храна.

Во конктекст на тоа, денеска ви даваме два предлога за тоа како да направите здрав сладолед кој вашите најмали ќе го обожаваат (а и вие), а притоа многу лесно и многу брзо.

Сладолед за 1 минута

Џејми за овој сладолед го користи енергетскио пијалок „Pimm's“, но вие не морате да се држите до таа состојка. Во сладоледот можете да вметнете малку шери или вермут или пак, сосема да го прескокнете алкохолот доколку сладоледот го сервирате и за деца. Британскиот готвач во рецептот користи јагоди, но вие можете да го направите и од замрзнато шумско овошје и банана.

Потребно:500g смрзнати јагоди, 500g јогурт или слатка павлака, 1 лажица мед, (Ликер по желба)

Подготовка: Јагодите, јогуртот и медот истурете ги во блендер и миксирајте. На крај додадете го ликерот и промешајте уште неколку секунди.

А Џејми предлага и три фантастични идеи за декорација:

1: Лажица сладолед и гранче ментол.

2: Колач од белки наполнет со сладолед, прелиен со сируп од балсамико.

3: Сладолед во мелен бисквит.

Погледнете го видеото:

 

Сладолед на стапче

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) onJun 23, 2018 at 4:36am PDT

 

Потребно: 1 голема банана, 300 гр. шумско овошје, 400мл сок од јаболка, 50 гр. овесни снегучки, малку мед, 100 гр. бело чоколадо

Подготовка:  Бананите и шумското овошје, овесните снегулки и сокот од јаболка ставете ги во блендер. Блендирајте додека смесата не стане мазна. Пробајте и по потреба додадете мед. Смесата ставете ја во 12 калапи за сладолед и ставете ги во замрзнувач да стојат најмалку два часа.

Базата на овој сладолед е овошје, но ќе биде уште подобро доколку ги прелиете со квалитетно бело чоколадо. Стопете го чоколадото на пареа, почекајте пет минути да се излади малку, а потоа сладоледот на спаче ставете го во течното чоколадо.

 

Објавено:
27 мај 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
584 пати