Едноставно и неверојатно смути за зајакнување на имунитетот!

8 октомври 2018

Со оглед на тоа што есента е годишно време кога вирусите се чини најмногу напаѓаат, потребно ни е нешто што ќе го зајакне нашиот организам и ќе не направи барем малку отпорни на бактериите.

Покрај секојдневното консумирање на мед, маџун и сè она за што секојдневно слушаме дека помага, свежите сокови се нешто што не смееме да го заобиколиме.

Постојат и неколку рецепти на свежо и сочно смути полно витамини кои ќе ви дадат неверојатна енергија и ќе ви помогнат да ги спречите настинките.

Истото ќе го зајакне вашиот имунитет, поради тоа што е полно витамини кои го зајакнуваат целиот организам.

Без разлика дали ќе го консумирате за појадок или меѓу оброците, веруваме дека ќе се чувствувате полни енергија за претстојниот ден и ќе останете сосема здрави во текот на целата сезона.

Ова се состојките кои ви се потребни за супер здравото смути:

Пола шолја вода

Една лажица мелено ленено семе

Еден портокал

Сок од половина цеден лимон

Пола цитрон

Една лажица мед

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не се соединат. Добар апетит!

Инфо: Modamo.info

Објавено:
8 октомври 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
935 пати