Изненадете ги најблиските за Велигден со фантастичен чоколаден тарт

17 април 2020

Доколку изминатиов период постевте, за Велигден конечно можете да се почестите со рецепти што не се посни.

Наш предлог за десерт за празничниот период е домашен Чоколаден тарт кој на сите ќе им се допадне. А само од неколку состојки:

Потребни состојки
За тестото:
150 г брашно
1 лажица шеќер
120 г студен путер исечкан на коцки
2-3 лажици студена вода
 
За чоколадниот крем:
220 г темно и квалитетно чоколадо
170 мл. слатка пвлака (хопла)
½ лажичка инстант кафе
Начин на подготовка:
 
Најпрво промешајте ги брашното и шеќерот заедно. Додајте го исечканиот студен путер и втријувајте го во брашното за да оформите смеса на лик на песок. Додајте ја студената вода и оформете тесто. Оставете го оформеното тесто превиткано во хартија за печење во ладилник за да се стегне додека го подготвите филот.
 
Во мало тенџере загрејте ја слатката павлака до оној момент кога ќе дојде до точка на вриење (не дозволувајте да врие со меури). Во сад искршете го чоколадото на помали парчиња и додајте го кафето. Прелијте со врелата слатка павлака и оставете 2 минути без да промешувате. По две минути, промешајте додека не добиете соединета чоколадна смеса.
 
Расукајте го тестото во округла форма и префрлете го во тавче за тарт (доколку немате вакво тавче префрлете го во округло тавче на механизам бр24 формирајќи рабови за да може да се стави подоцна чоколадниот крем). Боцнете на неколку места со вилушка и оставете тестото да се стегне во замрзнувач околу 10-15 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 190 степени и печете го тестото околу 12-15 минути.
 
Оставете 10-15 минути да се излади и прелијте со претходно подготвениот фил. Подготвениот тарт оставете го минимум 4 часа да се стегне во ладилник, или најдобра опција е преку ноќ.
 
Сервирајте со сечкани јаткасти плодови.
 
Извор: @daveskitchenofficial;
 
Објавено:
17 април 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.922 пати