Како да ја победите главоболката со лимонада?

24 август 2018

Да, добро прочитавте, лимонадата може да помогне при главоболка, но ако е со лаванда. Тоа е еден од најприродните лекови против главоболка, при што го доведува телото во баланс.

Воедно, многумина го сакаат бидејќи е совршен летен освежителен напиток. Помага да се опуштите, а со тоа и главоболката предизвикана од напорен ден или промена на времето, да исчезне побрзо.

Во тоа најмногу помогаат цветовите од лаванда, богати со етерични масла, а содржат преку 150 активни состојка. Помагаат и при лекување на габички, воспаленија, бактерии, депресија, грчеви, го намалуваат притисокот... Кога сте изложени на голем или постојан стрес, исто така се препорачуваат производи од лаванда.

Како да го направите овој одличен напиток?

Потребно ви е:

1/4 шолја исушени цветови лаванда или една капка етерично масло од лаванда

6 лимуни, излупени и исцедени

1 шолја мед 

5 шолји вода

Подготовка:

Половина од водата нека зоврие, а потоа тргнете ја од шпоретот. Во неа ставете го медот и лавандата. Оставете нека отстои 20-тина минути, а потоа процедете ја и префрлете ја во поголем сад.

Додајте го лимоновиот сок, остатокот од водата и добро промештајте.

Лимонадата добро изладете ја и послужете се. 

 

Објавено:
24 август 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
313 пати
Извор: 
zadovoljna.hr