Веројатно и вас некогаш во животот ви се случило да имате проблем со опстипација и да не знаете како да го решите, а вистинската намирница да ви е на дофат.
Сувите сливи се препорачуваат за многу работи, а покрај тоа што се супер вкусни, ќе ви завршат голема работа и доколку некогаш се сретнете со оваа несакана појава.
Токму сувите сливи се еден од најдобрите и природни лекови против опстипацијата и запекот и важат за едни од најделотворните.
Покрај тоа што ќе го решат овој проблем, сувите сливи се супер и за стимулација на работата на цревата и органите за варење.
Тие во себе содржат многу влакна кои се од исклучителна важност за организмот, а особено потребни за одржување на редовната и регуларна столица.
Воопшто, познато е дека храната полна со влакна супер делува врз вашиот организам, па потрудете се секое утро да го почнете со вакви намирници.
Едно неодамнешно истражување во кое учествувале вкупно 63 лица кои страдале од хронична опстипација, покажа дека тие успешно го пребродиле проблемот со консумирање на диета богата со намирници со влакна.
Доколку и вие страдате од ваков проблем, покрај сливите, можете да пробате и со консумирање на јачмен, овес, јаболки, портокали, ленено семе, јагоди, јаткасти плодови, карфиол, зелен чај, јајца, интегрален ориз, блитва, спанаќ и уште многу други работи.
Храната богата со растителни влакна може позитивно да влијае на целокупното здравје, да ви помогне при одржувањето на телесната тежина и да го намали ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.